Дома Фудбал Италија Оваа Италија е непрепознатлива: „Аѕурите“ срушија негативен рекорд од 1959 година

Оваа Италија е непрепознатлива: „Аѕурите“ срушија негативен рекорд од 1959 година

Фудбалските репрезентации на Италија и Украина вчера одиграа пријателски натпревар кој заврши без победник 1:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дека ниту Роберто Манчини нема така брзо да ја врати Италија на победничките патеки беше јасно уште минатиот месец кога Италијаните одиграа на домашен терен 1:1 против Полска.

Она што треба да го загрижува секој навивач на Италија се примените голови. Имено, „Аурите“ примаа барем по еден гол на секој од последните осум натпревари и тоа им е најлошата низа уште од периодот 1958/59 година.

Секако, се работи за репрезентација која секогаш била позната по добро организираната игра во одбраната и по одличните голмани, но очигледно дека во последниот период нешто не е како што треба во нивните редови.

Шанса за поправен Италија ќе има за четири дена кога повторно ќе играат против Полска во рамките од Лигата на Нации.

https://www.youtube.com/watch?v=FImh8XBOHMg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…