Дома Топ вести Објавени пораките кои Мбапе му ги испратил на Перез

Објавени пораките кои Мбапе му ги испратил на Перез

Килијан Мбапе на изненадување реши да го продолжи договорот со ПСЖ на уште три години, иако имаше вербален договор со Реал Мадрид.

Мбапе одби неколку понуди од ПСЖ и се шпекулираше дека сигурно ќе се пресели во Реал Мадрид, но на крајот сепак реши да остане во ПСЖ.

 „Ел Чирингито“ вчера објави дека Мбапе директно контактирал со претседателот на Реал, Флорентино Перез за да му соопшти дека нема да дојде во Мадрид.

„Сакам да ве информирам дека решив да останам во ПСЖ. Ви благодарам што ми дадовте шанса да потпишам за Реал Мадрид, за кој навивам уште од дете“, наводно му напишал Мбапе на Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италија извлече реми против Франција во Лига на нации

Италија успеа да извлече 1-1 реми против Франција во Париз, благодарение на голот на Алеса…