Дома Фудбал Објавени платите на фудбалерите од Премиер лигата

Објавени платите на фудбалерите од Премиер лигата

Финансискиот портал „Capology“ објави податоци за платите на сите фудбалери во Премиер лигата пред почетокот на новата сезона.

Имено, за платите на 590 фудбалери се издвојуваат околу 1,8 милијарди фунти, односно просечната плата на фудбалерите во елитната англиска лига е околу 3 милиони фунти годишно.

Најплатен фудбалер во Премиер лигата е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне. Белгиецот заработува 20,8 милиони фунти годишно, или 400.000 фунти неделно, што е околу 475.000 евра.

Второто место го зазема неговиот норвешки соиграч Ерлинг Халанд со 19,5 милиони фунти, а после него следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и играчот за врска на Манчестер јунајтед Касемиро со годишна плата 18,2 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…