Дома Фудбал Италија Објавени платите во Милан: Малдини најмалку платен, Ибрахимовиќ најмногу

Објавени платите во Милан: Малдини најмалку платен, Ибрахимовиќ најмногу

Италијанските медиуми објавија колку пари заработуваат фудбалерите на Милан. На врвот е Златан Ибрахимовиќ, кој добива по седум милиони евра годишно, а на второ место е Алесио Ромањоли со 5,5 милиони евра.

По овие двајца следат Анте Ребиќ и Оливие Жиру со по 3,5 милиони евра годишно, додека Алесандро Флоренци, кој летово стигна на позајмица од Рома има договор со годишна плата од три милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Одличниот голман Мајк Мањан заработува по 2,8 милиони, Бакајоко добива 2,5, а Франк Кеси има плата од 2,2 милиони евра, но одамна не е задоволен и сака нов договор.

Најмалку платен во првиот тим е Даниел Малдини, кој заработува само по 300.000 евра годишно, а токму тој против Специја го постигна првиот гол за „росонерите“. Раде Круниќ има плата од 1,1 милион евра, односно повеќе од Брахим Дијаз, кој добива плата од 500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…