Дома Фудбал Останато Објавени кандидатите за „Златна топка“, ги нема Меси и Роналдо

Објавени кандидатите за „Златна топка“, ги нема Меси и Роналдо

Вечерва беа објавени номинациите за овогодинешната престижна награда „Златна топка“, каде за прв пат после 2003 година го нема Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Двајцата се рекордери по бројот на освоени „Златни топки“, а ова е јасен знак дека доаѓа нова ера во фудбалот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Објавени се вкупно 30 имиња, а оваа година меѓу фаворитите за трофејот се Килијан Мбапе, Ерлинг Холанд, Винисиус Јуниор, Лаутаро Мартинез и Ламин Јамал.

Меѓу номинираните се уште: Хари Кејн, Адемола Лукман, Нико Вилијамс, Џуд Белингем, Антонио Рудигер, Алехандро Грималдо, Матс Хумелс, Букајо Сака, Родри, Кол Палмер, Деклан Рајс, Витиња, Вилијам Салиба, Хакан Чалханолу, Дани Олмо, Мартин Одегард, Флоријан Вирц, Дани Карвахал, Тони Крос, Артем Довбик, Гранит Џака, Рубен Дијаз, Федерико Валверде, Фил Фоуден и Емилијано Мартинез.

Победникот ќе биде избран на 28 октомври, кога ќе се одржи официјалната церемонија на трофејот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…