Дома Фудбал Останато Објавени две нови фотографии од Роналдињо во затворот (ФОТО)

Објавени две нови фотографии од Роналдињо во затворот (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во затвор откако со лажни документи влезе во Парагвај.

Роналдињо и неговиот брат Роберто се наоѓаат во парагвајскиот затвор Асунсион и го чекаат судењето. Тие се обвинети дека со лажни пасоши влегле во Парагвај и се ставени во притвор откако судот процени дека можат да ја напуштат земјата.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Веќе се појавија првите фотографии од легендарниот играч на Барселона. Парагвајските медиуми пишуваат дека Роналдињо е добро расположен, како и дека поголемиот дел од времето го минува во дворот на затворот.

Исто така веќе запознал многу затвореници на кои сега во негово друштво сигурно деновите побрзо им минуваат. Објавени се и две нови фотографии од Роналдињо.

Инаку денес се појави вест дека Меси ангажирал адвокати и е спремен да плати колку што е потребно за да го извади својот идол од затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Непристоен навивач го налути Роналдо: Погледнете како реагираше (Видео)

Португалскиот суперзвезда Кристијано Роналдо се најде во незгодна ситуација со непристоен …