Македонскиот фудбалер кој го носи дресот на Славен Белупо беше настрада во улична пресметка која се случила пред два дена.
Ејупи со свој пријател паркирал пред влез на зграда од каде што се појавило лице кое физички со метална шипка го удрило Ејупи. Денес се појавија информации дека Ејупи имал среќа што останал жив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се пишуваше дека сантиметри недостасувале да се случи трагедија и дека Ејупи поминал со полесни повреди, меѓутоа на фотографиите кои го објавија од неговиот тим баш и не изгледа дека станува збор за лесни повреди.
„Нашиот играч Музафер Ејупи се наоѓа во својот дом каде што се опоравува од тешкиот физички напад и претрпените „лесни“ повреди“. За какви „лесни“ повреди се работи може да видите на фотографиите. На Музи му посакуваме брзо опоравување со што помали последици и го очекуваме во нашата соблекувална и на теренот за заедно да оствариме подобри резултати“
„Исто така сакаме да апелираме до хрватските медиуми објективно да пренесуваат. Не само во овој случај на Музафер Ејупи, туку во сите случаеви кога во јавноста се појавуваат непроверени информации“, стои во соопштението од клубот на Ејупи.