Дома Македонски спорт Мак ракомет Обрадовиќ: Ја пронајдовме нашата форма, одиме во Лисабон по победа!

Обрадовиќ: Ја пронајдовме нашата форма, одиме во Лисабон по победа!

Ракометарите на Е.Пелистер силно мотивирани одат на гостување во Португалија против Спортинг.

Избраниците на Жељко Бабиќ сакаат ново изненадување.

„Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа. Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода.

Елмир Граџан: Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа.
Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме“, изјави Обрадовиќ.

Натпреварот помеѓу Спортинг и Е.Пелистер се игра утре од 20:45 часот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Талески: Срамен пораз, но мора да се фокусираме на Данска

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески вчерашниот пораз од Црна Гора го окарактеризир…