Напаѓачот на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг утрово бил ограбен и претепан во својот дом.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Четворица вооружени мажи упаднале во доморо на ѕвездата на Барселона. Го претепале со метални шипки, му се заканувале него и на семејството со оружје и го ограбиле.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг останал без голема количина на скапоцен накит и дека крадците зеле се што имало во сефот.
Не е познато со какви повреди се здобил фудбалерот на Барселона, се уште се чекаат првите официјални информации.
Крадците побегнале од местото на настанот со Ауди А3, а полицијата веќе почна истрага и работи на разоткривање.
Обамејанг преку социјалните мрежи го покажуваше своето богатство и како ужива во луксуз, па веројатно поради тоа бил цел на напад.