Дома Останати Тенис Ноле го прегази Штруф за четвртфинале на Ролан Гарос

Ноле го прегази Штруф за четвртфинале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во четврфиналето на Ролан Гарос откако претходно славеше победа со 3:0 против Германецот Штруф.

Првиот светски рекет славеше со максимален резултат од 3:0, по сетови 6:3, 6:2, 6:2.

Во првиот сет се играше гејм за гејм, па Ноле при резултат 4-3 направи брејк и сетот лесно го донесе до крајот. Во другите два сета противникот освои само четири гејма и Србинот рутински оствари висока победа.

Ѓоковиќ во следната рунда силите ќе ги одмери со победникот од дуелот помеѓу Германецот Александер Зверев и Италијанецот Фабио Фоњини кој е на распоредот денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…