Дома Фудбал Италија Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира.

Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ибрахимовиќ искрен пред натпреварот на Шведска: Изгледаат застрашувачки!

Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, ги најави вечерва дуелот помеѓу Франциј…