Дома Останати Кошарка НБА Нов трипл-дабл на Јокиќ за победа на Денвер, 44 поени на Лилард не беа доволни 🎥

Нов трипл-дабл на Јокиќ за победа на Денвер, 44 поени на Лилард не беа доволни 🎥


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Никола Јокиќ одигра уште еден МВП натпревар во победата на Денвер.

Нагетси изминатата вечер го совладаа Портланд со 122:113 и така го запишаа 31. триумф во сезоната со што дојдоа на чело на табелата на Западнатаљ конференција. Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и стигна до нов трипл-дабл со 36 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

За српскиот кошаркар ова беше 13-трипл-дабл во сезоната и 89-ти во неговата НБА кариера. Повторно Јокиќ имаше неверојатна шутерска вечер со само едно промашување од еигра од вкупно 14 обиди и едно од линијата за слободни фрлаа.

Втор натпревар поентер за Денвер во овој натпревар беше Мајкл Портер Џуниор со 23 поени.  Тој погоди четири од шест обиди за три поени. Најефикасен на натпреварот беше Демијан Лилард кој постигна 44 поени и додаде осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – Торонто 130:122

Сан Антонио – Бруклин 106:98

Денвер – Портланд 122:113

Ла Клиперс – Филаделфија 110:120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Калин ќе игра за титула во Тунис!

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановск…