Дома Фудбал Италија Нов скандал ги тресе Апенините: Повторно афера со местење натпревари – вмешан репрезентативец

Нов скандал ги тресе Апенините: Повторно афера со местење натпревари – вмешан репрезентативец

Италијанскиот фудбал, за жал, има „богата“ историја со местењето натпревари, а сега Апенините ги треси нов скандал од таков вид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стоперот Џеное Армандо Ицо е на обвинителна клупа поради вмешаност во местење фудбалски натпревари. Италијанскиот фудбалски сојуз побара шест години суспензија и 20.000 евра казна за играчот поради два натпревари додека играше за Авелино.

Станува збор за натпревари од 2014 година, поточно за поразот на Авелино од Модена со 1:0 и победата над Реџина со 3:0. Тие два натпревари беа последните на Ицо за тој клуб, пред да се пресели во Џенова. Минатата година 25-годишниот играч доби прв повик за италијанскат репрезентација.

„Тоа е тежок удар, не го очекував тоа. Вистината ќе излезе на виделина, но моментално минувам низ ноќен кошмар. Се плашам дека ќе загубам сè, репрезентацијата, децата. Разговарав со Вентура 10 минути, сите ме поддржуваат“, вели Ицо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Переc објави видео со Мурињо во дресот на Реал. Специјалниот: Тоа не сум јас, туку вештачка интелигенција

Жозе Мурињо го контактирал раководството на Бенфика, клуб кој го тренира, за да ги убеди д…