Дома Фудбал Нов проблем за Франција – заврши сезоната за Лукас Ернандез!

Нов проблем за Франција – заврши сезоната за Лукас Ернандез!

Франција дефинитивно е репрезентацијата која има најмногу проблеми со повреди на Светското првенство, а последен отпадна Лукас Ернандез кој се повреди на вчерашниот натпревар против Австралија.

Ернандез го стартуваше натпреварот помеѓу Франција и Австралија, а само после десет минути игра беше заменет.

Утрово Франција потврди дека фудбалерот на Баерн Минхен се заработил скинати лигаменти и за него не само Светското првенство, туку и сезоната е завршена.

Во редовите на Франција за време на подготовките отпаднаа Бензема и Нкуку, претходно поради повреда помеѓу повиканите не се најдоа Канте, Погба, Мањан и Кимпембе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…