Maркус Рашфорд одлучи да оди на операција на рамото и така да го реши проблемот со хроничната повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рашфорд е една од главните теми после поразот на Англија во финалето на Европското првенство бидејќи го промаши пеналот и се најде на удар на расистите. Нов проблем за него ќе биде операцијата после која ќе го чека пауза од два месеци.
Според тоа тој на теренот ќе се врати кон крајот на септември. Сезоната во Премиер лигата стартува на 14. август и првите очекувања се дека ќе ги пропушти дуелите со Лидс, Саутемптон, Вулвс, Њукасл, Вест Хем, Астон Вила и Евертон.