Дома Фудбал Нов проблем за Мурињо: Се повреди најдобриот стрелец!

Нов проблем за Мурињо: Се повреди најдобриот стрелец!

После Пол Пгба уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед заработи повреда.

Во прашање е најдобриот стрелец на тимот Ентони Марсијал кој во 58-та минута постигна гол во вчерашното дерби против Манчестер Сити.

Марсијал беше принуден да го откаже настапот за француската репрезентацијата, па на негово место Дидие Дешам го повика Александар Лаказет.

Французинот во дербито на Манчестер го постигна шестиот гол на последните седум натпревари за Јунајтед и доколку набрзо не се опорави ова би можел да биде сериозен проблем за „ѓаволите“.

Поранешниот напаѓач на Монако претходно во сезоната имаше несогласувања со Мурињо, а дури се најавуваше и дека може да го напушти клубот.

Освен Марсијал во репрезентацијата на „Триколорите“ ќе го нема ниту Пол Погба, кој исто така е повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…