Дома Фудбал Нов проблем за Анчелоти: Се повреди уште еден фудбалер

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди уште еден фудбалер

Реал Мадрид во последниот период се соочува со многу проблеми со повреди, а вчера против Лајпциг се повреди уште еден фудбалер.

На десетина минути пред крајот се повреди стрелецот на победничкиот гол, Брахим Дијаз. На Дијаз му беше укажана лекарска помош, а потоа мораше да го напушти теренот со помош на лицата од медицискиот тим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што можеше да се забележи станува збор за повреда на листот на ногата. Дијаз подоцна во изјава за шпанските медиуми истакна дека не станува збор за потешка повреда, меѓутоа најверојатно ќе мора да паузира одреден период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…