Дома Фудбал Англија Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.

Наводно, на некои натпревари од Премиер лигата, Пакета намерно добивал жолти картони.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Наводно Пакета намерно сакал да добие жолт картон од судијата со несоодветна цел да влијае на пазарот за обложување со цел едно или повеќе лица да профитираат од обложувањето“, се вели во соопштението на ФА.

Пакета, кој има рок до 3-ти јуни да одговори на обвиненијата, негираше каква било злоупотреба.

Пакета, кој одигра 37 натпревари оваа сезона и постигна осум гола и забележа седум асистенции, ќе биде главната цел на Манчестер сити во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…