Дома Топ вести Нов дуел меѓу Јунајтед и Сити, овој пат за ѕвездата на Јувентус

Нов дуел меѓу Јунајтед и Сити, овој пат за ѕвездата на Јувентус

Пред неколку дена се појавија информација дека Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Јуветус, Даглас Коста, но Манчестер Сити прв направи конкретен потег.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно и Пеп Гвардиола силно го посакува бразилскиот репрезентативец во своите редови, па Сити веќе испратил конкретна понуда од 60 милиони евра.

Пред неколку дека медиумите пишуваа дека и Манчестер Јунајтед испратил понуда за Даглас Коста и тоа со слична сума.

Даглас Коста соработуваше со Гвардиола во Баерн Минхен, а токму од таму се пресели во Јувентус за вкупна сума од 50 милиони евра.

Бразилецот оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и не е задоволен од својот статус, но „старата дама“ не сака да го продаде во јануари.

Јувентус е спремен да ги одбие сите понуди, но двата градски ривали нема да се откажат од неговиот потрпис и ќе се обидат да го донесат следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…