Дома Фудбал Нов договор со двојно поголема плата за Фернандеш

Нов договор со двојно поголема плата за Фернандеш

Mанчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов договор на Бруно Фернандеш со кој ќе добива двојно поголема плата.

Фернандеш е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, а неговата плата е на ранг на резервниот голман Хендерсон.

Одличниот играч за врска моментално заработува 110.000 финти неделно, а со новиот договор Јунајтед му нуди двојно повеќе.

Актуелниот договор на Фернандеш истекува во 2024 година, но Јунајтед не сака да чека и ќе му понуди договор до 2025 година.

Фернандеш во досегашниот дел од сезоната е убедливо најдобар играч на Манчестер Јунајтед, па е на радарот на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста, Пелистер и Работнички бараат бодови на гости

Седумте средби од 11. коло во Втората лига почнуваат во 13 часот. Водечката тројка влегува…