Дома Македонски спорт Нов ден, нов клуб: Сега Турција повторно е опција за Џани!

Нов ден, нов клуб: Сега Турција повторно е опција за Џани!

Како да нема крај на сагата со новиот клуб на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, од ден во ден се појавува нов клуб.

Пред само два дена беше објавено дека германски Фрајбург испратил понуда за Џани, а сега повторно опција е Турција и тоа Фенербахче!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Медиумите во Турција денес објавија дека менаџерите на Алиоски го контактирале Фенербахче за желбата да заигра во овој клуб. Навдоно, од Фенербахче покажале интерес и набрзо преговорите влегле во друга фаза.

Засега детали за некаков договор нема, меѓутоа се шпекулира дека ќе станува збор за договор на две години со опција да биде продолжен на уште една. Алиоски ќе потсетиме е без клуб откако предвреме му заврши договорот со Ал Ахли поради испаѓањето на овој клуб во втората лига во Саудиска Арабија.

Во редовите на Фенербахче Елиф Елмас настапуваше од 2017 до 2019 година кога за 16 милиони евра се пресели во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …