Фудбалска Шпанија ја тресе голем скандал со наместени натпревари. Денес еден од осомничените, фудбалерот на Депортиво, Ињиго Лопез откри интересни детали.
Шпанските служби неодамна отворија истрага поради за местење натпревари во првата и втората фудбалска лига, а еден од главните организатори бил поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес во јавноста излезе и некогашниот фудбалер на Хуеска, а сега член на Депортиво Ла Коруња, Ињиго Лопез. Тој призна дека мечот од Ла Лига 2 меѓу Хуеска и Химнастик Тарагона бил договорен, бидејќи неговиот тим веќе осигурал пласман во повисок ранг.
„Изгубивме од Химнастик бидејќи таков беше договорот, а такви работи секогаш постојат во фудбалот. Кога ќе го погледнете распоредот на крајот на сезоната, си размислувате: Добро, зошто да им отежнувам на луѓе на кои им требаат бодови? Така оди тоа и никој не зборува за тоа“, изјави Лопез.
„Секој кој играл фудбал и кој е дел од овој свет знае одамна дека ова се случува. Обложувањето едноставно уништи се“, додаде Лопез.