Дома Македонски спорт Мак ракомет Ново име во Охрид: Пристигна десен бек од Хрватска

Ново име во Охрид: Пристигна десен бек од Хрватска

Дваесет и шест годишниот десен бек Луцијан Бура е најновото засилување на ГРК Охрид.

Хрватскиот интернационалец во Охрид доаѓа од Унгарското првенство, каде настапуваше во екипата на “Gyöngyös”. Претходно играл и во “Добова”, “Умаг” и “Горица”.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


“Доаѓањето во Охрид за мене значи отворање нова страница во кариерата. Исклучително сум среќен што ќе имам можност да играм во Македонската лига која, според мое мислење, има високо ниво на квалитет, со можност за настап во европските натпреварувања.

Верувам дека во ГРК Охрид ќе имам можност да ги развивам моите играчки способности, како и дека ќе постигнеме што подобри резултати како во домашното првенство, така и во Европа”, изјави новото засилување на ГРК Охрид, Луцијан Бура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Позната казната на Даку за пцуењето на Македонците!

Европската куќа на Фудбалот ја соопшти казната за репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Д…