Дома Фудбал Новото засилување на Реал Мадрид повторно се повреди

Новото засилување на Реал Мадрид повторно се повреди

Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ повторно се повреди и најверојатно ќе се рехабилитира најмалку две недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јовиќ заработи повреда за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Португалија во саботата.

Станува збор за повреда на десниот глужд поради која ќе мора да одмара најмалку десетина дена, потврдија српските медиуми.

Јовиќ немаше среќа и заработи повреда само за неколку минути поминати на теренот, со оглед на фактот што во игра влезе во 87-та минута.

Ова е втора повреда за Србинот откако летово пристигна во Реал Мадид. Најпрво се повреди во пријателски дуел во претсезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На адреса на Мо Салах пристигна понуда каква не се одбива!

Мохамед Салах доби неверојатна понуда за продолжување на кариерата и многу тешко ќе ја одб…