Дома Фудбал Нови проблеми за Герет Бејл

Нови проблеми за Герет Бејл

Откако одигра многу слабо на последниот меч за Реал Мадрид, сега Герет Бејл повторно има здравствени проблеми, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Велшанецот има стомачен вирус и беше ослободен од последниот тренинг на „кралевите“. Истиот проблем го мачи и другиот напаѓач на Реал – Лука Јовиќ.

Минатото коло Реал загуби два бода на дуелот против Селта (2:2), Бејл беше во стартниот тим и одигра 84 минути, но не ја оправда довербата.

Во Шпанија се појавија информации дека другите играчи дури му се лути на Зидан што продолжува да му дава шанса на Велшанецот, кој изгледа тотално незаинтересирано.

Во сабота „кралевите“ играат против Леванте, а потоа против Манчестер Сити во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема размена во НБА: Ламело Бол има нов клуб!

Најсилната кошаркарска лига на светот ја потресе значајна вест за трансфер. Еден од најдин…