Почетокот на новата недела значи и нов ранг за македонските тенисери на АТП ранг листата
Калин Ивановски е најдобро рангиран, но има пад за четири позиции и се наоѓа на 309.то место со 173 поени или еден помалку од претходната недела. Горазд Србљак нема никаква промена – 1047.место со 10 поени (исто како претходната недела). Обрад Марковски сега е на 1458.то место со скок од пет места со три поени.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за 21 позиција и се наоѓа на 669.то место со 71 поен или четири помалку, додека Берк Бугариќ е рангиран 1348.то место со 16 поени (пад за седум позиции). Марковски во двојки има пад за 142.места и сега се наоѓа на 1608.то место со 9 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2102.то место (скок за две позиции) со 3 поени.
Лина Ѓорческа и оваа недела има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција. Таа се наоѓа на 212.то место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела. Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365.то место.
Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1263.то место со 7 поени, или скок од две места. Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.