Дома Македонски спорт Мак баскет Нови позитивни во репрезентацијата, одложен и дуелот со Естонија

Нови позитивни во репрезентацијата, одложен и дуелот со Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во Талин.

Во нашата репрезентација имаше тројца  кошаркари со Ковид-19 а на вчерашните тестирања били потврдени нови случари со коронавирусот.

Ова го потврдија од КФСМ со образложение дека се уште нема конечна одлука за кога се одложени овие два натпревари на Македонија.

„Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување. И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија“, соопшитија од КФСМ.

Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Добредојде во Италија брате: Нестор и Пандев го поздравија трансферот на Николов во Лече

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов денес го комплетираше трансферот во италијански…