Дома Фудбал Останато Нови мерки во Грција: Без мобилен телефон нема да може да се влезе на стадион

Нови мерки во Грција: Без мобилен телефон нема да може да се влезе на стадион

Фудбалските навивачи во Грција во иднина ќе користат државна апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купат влезници за натпреварите.

Ова е една од новите мерки во борба против насилството во спортот кое ги примора фудбалските клубови да ги затворат стадионите на два месеци (до 12-ти февруари).


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наредбата стигна минатиот месец откако во нередите во Атина животот го загуби полицаец кој беше повреден со пиротехнички средства.

Грчкиот министер за спорт Јанис Вруцис денес би требало детално да ги претстави новите правила за купување на влезници.

„До сега не успеавме да направиме нешто што е очигледно – да ги идентификуваме луѓето кои влегуваат на стадион. Со помош на мобилниот телефон и личната карета личноста може автоматски да се провери. Никој без мобилен телефон нема да може да влезе на стадион“, изјави министерот за државната телевизија во текот на викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Астон Вила го награди Емери со нов договор

Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила како награда за  добрите резултат…