Првата ѕвезда на бразилската репрезентација, Нејмар се повреди во првиот меч на Мундијалот против Србија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веднаш стана јасно дека Нејмар ќе ги пропушти следните два меча во групата, но надежите беа дека ќе се врати во осминафиналето.
Бразилските медиуми денес пренесуваат дека мали се шансите Нејмар да се опорави за осминафиналето.
Бразил се пласираше во осминафиналето и чека противик од групата во која за пласман се борат Уругвај и Гана, па отсуството на Нејмар сигурно ќе биде проблем за селекторот Тите.