Дома Фудбал Англија Нови ковид правила во Премиер лигата

Нови ковид правила во Премиер лигата

Англиските фудбалски клубови ќе можат да бараат одложување на првенствените натпревари само доколку имаат најмалку четири заразени играчи со коронавирусот, а за навивачите веќе не важат задолжителните ковид сертификати за влез на стадионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова се предвидува со новите измени кои денеска ги објави раководството на Премиер лигата по состанокот со претставници на сите 20 прволигашки екипи во Англија.

„По денешниот состанок со клубовите, Премиер лигата ги промени насоките за случаите со COVID-19. Отсега, ако некој клуб бара одложување на свој натпревар врз основа на недоволен број здрави фудбалери потребно е да има минимум четири заразени играчи“, соопшти раководството на Премиер лигата.

Оваа сезона досега се одложени 22 натпревари во најсилната англиска фудбалска лига, а дел од екипите ја критикуваа Премиер лигата за лошо менаџирање на состојбата поврзана со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …