Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ ќе мора да замине на нова пауза, по болеста, стигна и повреда.
Стариџ е надвор од ростерот од почетокот на декември и победата на Ливерпул над Спартак Москва, најпрво беше болен, а сега има проблем со мускулот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не сум баш сигурен, но знам дека Стариџ нема да може да игра некое време. Беше болен, потоа се појави проблемот со мускулот. Не е тешка повреда, но да бидам искрен, во овој период малку е потребно играчите да бидат надвор од терените поради мускулите“, истакна Клоп.
Тоа значи дека Роберто Фирмино ќе продолжи да го предводи нападот на „Црвените“ во следните натпревари.