Дома Фудбал Новите засилувања му донесоа победа на Јувентус🎥

Новите засилувања му донесоа победа на Јувентус🎥

Јувентус ритински ја победи Болоња (2:0) и ги искористи киксовите на лидерите на табелата Милан и Интер.

Јувентус од самиот старт доминираше на теренот, а предноста стигна во 15-та минута кога Артур со многу среќа го постигна својот прв гол за „старата дама“.

До крајот на полувремето Јувентус создаде многу шанси, но Бернардески, Роналдо и Квадрадо не успеаа да ги искористат.

Во второто полувреме Болоња спорадично се закануваше, но подобрите шанси повторно ги имаше Јувентус. Конечните 2:0 ги потпиша Мекени во 71-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…