Екипата на Рома наскоро би требало да добие нови сопственици. Римскиот клуб наскоро би требало да биде официјално превземен од корпорацијата Фридкин.
Италијанските медиуми веќе пишуваат за плановите на новите газди, а наводно еден од нив е доведување на легендарниот Фабио Капело. Се пишува дека преговорите со Капело веќе се започнати и тоа за функцијата спортски директор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капело на позицијата одговорен за спортскиот сектор би го наследил Џанлука Петраки и би имал задача да направи силен тим, но и да ги задржи Пелегрини и Заниоло кои се и тоа како преспективни играчи.
Ако Капело дојде на оваа позиција, тоа практично би било враќање на легендарниот тренер во таборот на клубот од Рим каде што во 2001 година стигна до шампионската титула во Италија.