Дома Фудбал Германија Новиот селектор на Германија може да биде големо изненадување

Новиот селектор на Германија може да биде големо изненадување

Изненадувачки вести пренесува германски „Билд“ кога во прашање е селекторската позиција во Германија.

Јоаким Лев пред неколку дена соопшти дека си заминува од позицијата селектор во Германија, а од тој момент започнаа шпекулации кој би можел да го наследи. Најмногу се споменуваа имињата на Флик и Клоп, но сега има и изненадување.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наводно опција Фудбалската федерација на Германија е и актуелниот тренер на Фрајбург Кристијан Штрајх.

Штрајх го води Фрајбург од 2012 година, има 55 години и би можел да биде идеален наследник на Лев.

Не само што е опција, во најголем дел од германските медиуми тој наеднаш се појави и како прв фаворит.

Ќе потсетиме со кој и да биде, Германија со новиот селектор ќе гостува во Скопје во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…