Дома Фудбал Новиот закон за вакцини во Франција ќе предизвика хаос во Лига на шампиони

Новиот закон за вакцини во Франција ќе предизвика хаос во Лига на шампиони

Поради новиот закон во Франција, Реал Мадрид, Челзи, ПСЖ и Лил нема да можат да сметаат на невакцинираните фудбалери во натпреварите од Лигата на шампиони, потврди УЕФА.

Од следниот понеделник во Франција стапува на сила закон со кој се забранува на невакцинираните од Ковид да учествуваат во спортски манифестации.

На Реал Мадрид и на Челзи им претстои гостување во Франција во Лигата на шампиони, па правилото важи и за клубовите кои гостуваат во државата.

Франција има уште три претставници во другите европски натпреварувања, Лион, Монако и Марсеј, што значи дека уште шест клува ќе имаат проблем при натпреварите на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…