Дома Фудбал Останато Новинар открива: Мбапе е тежок за соработка, станува непријатен

Новинар открива: Мбапе е тежок за соработка, станува непријатен

Килијан Мбапе има голема желба да игра за Реал Мадрид, па најверојатно следното лето ќе е пресели на „Сантиаго Бернабеу“ како слободен агент.

Реал до последните моменти од преодниот рок се обидуваше да го донесе Мбапе, но ПСЖ ги одби сите понуди.

Новинарот Баптист Деспре во својата книга ја открива темната страна на Мбапе и смета дека „кралевите“ може да направат голема грешка со него.

„Мбапе има неверојатен потенцијал, но не е лесен за соработка. Кога работите не одат како на Европското првенство, тој станува непријатен. Тоа секако влијае на цела екипа и балансот во соблекувалната“, открива Баптист.

Мбапе играше лошо на ЕП, а потоа промаши и решавачки пенал против Швајцарија што предизвика големи критики во медиумите.

„Кога соиграчите нема да му посветуваат внимание, кога нема да ја добива секоја топка, тој брзо ќе се налути и така ги иритира другите играчи“, додаде новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Астон Вила – Пристигнува напаѓачот на Пари Сен Жермен за 55.000.000 евра!

Голем потег на Астон Вила. По заминувањето на Оли Воткинс, клубот мораше брзо да реагира и…