Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Виљареал, а тренерот Зинедин Зидан на денешниот натпревар не можеше да смета на неколку стандардни фудбалери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот шпански шампион постигна гол за водство во втората минута преку напаѓачот Мариано Диаз, а израмнување донесе Жерар Морено од пенал во 76. минута.
По средбата новинарите го изнервираа Зидан со прашање зошто Еден Азар беше рано заменет од натпреварот, а на негово место влезе Винисиус Жуниор.
„Не грижете се. Вие работете си ја вашата работа, а ние продолжуваме со нашата. Азар исто така. Тој не играше долго и морам да ја одредувам неговата минутажа. Тој е со нас и се чувствува добро“, кажа Зидан.