Дома Фудбал Останато Нова повреда на Нејмар – ПСЖ стравува!

Нова повреда на Нејмар – ПСЖ стравува!

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар нема среќа со повредите во изминатите две години и денес доживеа нова повреда на пријателскиот меч против Нигерија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар се најде во стартниот состав на Бразил, но веќе во 12-та минута мораше да го напушти теренот поради повреда.

Нејмар се пожали на болка во бутниот мускул на левата нога и сам побара замена на почетокот на мечот.

Бразилецот веднаш ќе се упати во Франција каде ќе му бидат направени детални прегледи, па ќе се знае колку време точно ќе отсуствува од терените.

Додека ПСЖ стравува за својата ѕвезда, бразилските медиуми тврдат дека сигурно ќе биде надвор од терените неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентинскиот репрезентативец: Размислував да се откажам, но кога ја видов сопругата да раѓа се мотивирав да продолжам напред

Централниот дефанзивец на Аргентина Лисандро Мартинес призна дека имал мисли за откажување…