Дома Фудбал Нова повреда во тимот на Милан

Нова повреда во тимот на Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо се соочува со уште еден проблем пред денешниот натпревар со Торино.

Гатузо за овој меч нема да може да смета на универзалецот Фабио Борини, кој се приклучи на групата повредени фудбалери.

Во моментов во „болницата“ се уште Алесио Ромањоли, Марија Калдара, Матео Мусакио, Лукас Биглиа и Џакомо Бонавентура.

Борини на вчерашниот тренинг го повреди глуждот и се уште не е јасно колку време ќе отсуствува од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рексам го запре лидерот: Мидлсбро немоќен без својот голгетер

Рексам славеше со 2-0 и ја прекина серијата на Мидлсбро од 11 лигашки меча без пораз. Отсу…