Дома Фудбал Англија Нова ИСТОРИЈА испишана во Премиер лигата: Венгер од денес е неприкосновен

Нова ИСТОРИЈА испишана во Премиер лигата: Венгер од денес е неприкосновен

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер од денес е нов рекордер во Премиер лигата, со оглед на тоа дека на мечот против ВБА по 811. пат се најде на клупата на „Топчиите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Венгер на тој начин го собори рекордот на легендарниот Алекс Фергусон, кој Манчестер Јунајтед го предводеше 810 пати.

Фергусон денес, инаку го прославува 76. роденден, а симболиката да биде поголема тој последен пат на клупата на Јунајтед беше токму на стадионот на ВБА.

Во досегашните 811 премиерлигашки натпревари, Венгер запиша 468 триумфи, 197 реми натпревари и 154 порази, не вклучувајќи го денешниот исход.

Венгер со Арсенал освои три титули во Премиер лигата и седум трофеи во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…