Дома Фудбал Германија Новата сезона во Бундеслигата започнува без Баерн Минхен?

Новата сезона во Бундеслигата започнува без Баерн Минхен?

Постои можност новата сезона во Бундеслигата за започне без шампионот Баерн Минхен и уште неколку тима, пренесуваат германските медиуми.

Планот на германската фудбалска лига е првенството да започне на 11 септември, но тој датум може да биде премногу рано за Баварците и другите тимови кои се натпреваруваат во европските турнири.

Натпреварите од Лигата на шампиони и Лига Европа ќе бидат доиграни во август, а во Германија сакаат тимовите да имаат околу еден месец одмор пред да ја започат новата сезона.

Тоа значи дека ако некои од германските тимови стигнат до финалето во Лига на шампиони (23 август) или Лига Европа (21 август) нема да можат да ја започнат Бундеслигата на 11 септември. Истото важи за полуфиналињата кои се играат на 17 и 19 август.

Лајпциг веќе се пласира во четвртфиналето од ЛШ, а пред пласман е и Баерн Минхен. Леверкузен исто така има огромни шанси да оди напред во Лига Европа, додека Влфсбург и Ајнтрахт запишаа порази во првите натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд. Иако со Лив…