Дома Фудбал Новата бразилска ѕвезда на Реал го престигна Нејмар – пред него остана само Роналдо!

Новата бразилска ѕвезда на Реал го престигна Нејмар – пред него остана само Роналдо!

Бразил има нов бисер, 17-годишниот Ендрик кој веќе си обезбеди трансфер во Реал Мадрид испиша историја во бразилското првенство.

Имено, бразилскиот фудбалер постигна 11 голови во бразилското првенство и тоа шест на последните осум натпревари за Палмеирас кој стана шампион.

Со своите 11 голови Ендрик успеа да го престигне Нејмар како втор најмлад фудбалер на сите времиња кој постигнал толку голови во една сезона во Бразилеро. Пред него остана само легендарниот Роналдо.

Ендрик беше стрелец и во последниот натпревар кој заврши 1:1 против Крузеиро, бод доволен Палмеирас да ја потврди титулата. Ендрик од следната сезона ќе го засили нападот на Реал Мадрид кој за него плати 37.5 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…