Дома Останати Новак Ѓоковиќ избран за најдобар спортист во светот!

Новак Ѓоковиќ избран за најдобар спортист во светот!

Најдобриот тенисер во светот , Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист минатата година, на свеченоста во Монте Карло.

Првиот рекет во светот ја доби наградата „Лауреус“, по четврти пат во кариерата, за достигнувањата во минатата година на свечената церемонија во Монако.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ, Ле Брон Џејмс, Луис Хамилтон, Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот, додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.

Ѓоковиќ веќе трипати ја освои оваа награда, откако претходно беше избран за најдобар спортист во 2012, 2015 и 2016 година.

„Нелсон Мандела, основачот на Лауреус кажа дека спортот е универзален јазик и дека има моќ да го промени животот на многу млади луѓе. Лауреус фондацијата го прави токму тоа“, истакна меѓу другото Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…