Дома Фудбал Ништо од Евертон: Потер добива понуда од друг клуб од Премиер лигата?

Ништо од Евертон: Потер добива понуда од друг клуб од Премиер лигата?

Греам Потер се уште ја чека вистинската понуда.

Потер е без работа година и пол, откако се раздели со Челзи каде што имаше богат договор, па добро заработи и од отказот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Потер сега е прв избор на Саутемптон кој очајно ја започна новата сезона.

Расел Мартин се бори да го разбуди својот тим, а ги чека гостување кај Бормут во понеделник и потенцијален пораз во овој натпревар би можел да значи дека отказ за него.

Саутемптон освои само еден бод, исто колку и Волвс, а им претстои тешка борба за опстанок. Претходно Потер се поврзуваше и со клупата на Евертон, но таму изгледа Шон Дајч ќе има уште некоја прилика да си ја зачува работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија – Силекс 1:1: Манојлов го донесе бодот на кратовци, Струга побегна на +4

Шкендија и Силекс одиграа 1:1 во 14. коло од Првата МФЛ. Тамба погоди во 18. минута, Маној…