Дома Македонски спорт Николов за односот Милевски – го предупредувале да не го издава составот!

Николов за односот Милевски – го предупредувале да не го издава составот!

Македонскиот фудбалер, Бобан Николов претходната вечер беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што помеѓу другите теми зборуваше и за неговиот однос со поранешниот селектор Игор Ангеловски и сегашниот Благоја Милевски.

Николов во минатото соработуваше со Милевски и во У21 репрезентацијата каде што под негово водство беше и капитен на таа селекција, но како што вели сега е разочаран од неговиот човчеки однос кон него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во својата изјава Николов потенцира дека е најмногу разочаран од тоа што Милевски одредени работи не ги кажувал директно и во лице.

„Тиквата пукнала многу порано, но јас не ја гледав дека е пукната. Јас сум израснат по некои принципи уште од детство и неправдите навистина ме болат. Кога имаше во некој доверба, на крај се прашуваше што се случува“, започна Николов.

Почнав да не добивам повик, не знам зошто. Не сум јас некој Меси, ниту Роналдо…можеш да не ме викнеш не е проблем. Но, тој однос, тоа зборење зошто не сум викнат. Година ипол да се зборува дека се е во ред, само да заиграш, а кога заиграв, само продолжи така…за потоа да слушаш дека не си викнат затоа што си бил дел од некакви кланови, не знам какви работи…

Посочи Николов и конкретен пример каде што можел да ја забележи големата недоверба во него без причина.

Од почетокот се случуваа некои работи. Ќе кажам еден пример, Стефан може да потврди. Беше со мене во соба. Потпишувам со Шериф добивам Коорна, ме викнаа за натпреварот со Романија игравме квалификации таму кај нив.

Доаѓа ситуација, јас пристигнмувам очекувам некој добар, нормален однос…Играме против Романија каде што поминав пет години и дојде ситуација на ден пред натпревар од стручен штаб да ме побараат и да ми кажат: Слушај, немој случајно да си го издал составот..

Неговото мото кога дојде во репрезентацијата, првиот ден кажа некои работи, се случија дури „трети“. Кога доаѓаш кажуваш некои работи пред играчите, се водиш по тоа и по една година „пу пу не важи“, изјави Николов.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА НИКОЛОВ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија со втор пораз се прости од Европа

Шкендија го заврши настапот во Европа оваа сезона уште во првото коло од квалификациите за…