Дома Кошарка Никола Јокиќ уште еднаш го покажа своето неверојатно чувство (ВИДЕО)

Никола Јокиќ уште еднаш го покажа своето неверојатно чувство (ВИДЕО)

Кошаркарите на Србија запишаа уште една убедлива победа и така на најдобар начин ја отворија втората фаза од Светското првенство во Кина.

Овој пат „настрада“ Порторико. Србија славеше победа со 90:47 и така се најде на чекор од пласман во четвртфиналето.

Најефикасни во победата на Србија беа Бјелица со 18 и Бобан Марјановиќ со 16, додека добар натпревар одигра и Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер уфрли 14 поени и додаде 10 скокови и една асистенции, а таа една асистенција беше навистина мајсторска.

Лучиќ шутираше за три поени и беше изблокиран, но топката дојде до Јокиќ кој уште еднаш покажа неверојатно чувство, после што Бјелица поентираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошарката да обедини: Париз со посебна покана по протестите

За евролигашкиот дуел со Валенсија, Париз ќе пречека трговци погодени од протестите, учени…