Дома Фудбал Репрезентации Ние ќе ја чекаме Лигата на Нации: Ова се репрезентациите кои се пласираа на ЕП

Ние ќе ја чекаме Лигата на Нации: Ова се репрезентациите кои се пласираа на ЕП

Со вчерашните натпревари заврши овој циклус квалификации за Европското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонија во последното коло го победи Израел, меѓутоа тоа беше доволно за трета позиција која не носи пласман на ЕП. Сепак, треба да бидеме задоволни затоа што овој пласман е најдобар на нашата селекција до сега во едни квалификации.

Ние се уште имаме шанси да бидеме дел од Европското првенство во 2020 година и тоа преку Лигата на Нации каде што во март ќе играме бараж против Косово.

Ова се селекциите кои преку квалификациите си ја завршија работата и обезбедија место на собирот на најдобрите европски селекции наредното лето: Австрија, Белгија, Данска, Англија, Германија, Италија, Португалија, Русија, Швајцарија, Турција, Чешка, Хрватска, Финска, Франција, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Украина и Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…