Дома Фудбал Не е само Флик: Лапорта има десет кандидати за наследник на Чави!

Не е само Флик: Лапорта има десет кандидати за наследник на Чави!

Ханси Флик досега беше човекот кој најмногу се најавуваше како нов стратег на Барселона, меѓутоа на листата на Лапорта има и други имиња, вкупно десет.

Каталонскиот гигант е во потрага по наследникот на Чави, спортскиот директор Деко пред неколку дена изјави дека не разговарал со ниту еден кандидат и објасни дека во моментов нема претстава со каков буџет ќе располагаат. Поради тоа и не може нешто да му вети на потенцијалниот наследник.

Но, тоа не значи дека интерно во Барселона не се водат разговори. Медиумите пишуваат и за Чаби Алонсо кој одлично работи во Леверкузен, меѓутоа Шпанецот засега е фаворит за клупата на Ливерпул.

Покрај Алонсо и споменатиот Флик на списокот биле: Микел Артета од Арсенал, Луис Енрике од ПСЖ, Роберто де Зерби од Брајтон, Унаи Емери од Астон Вила, Серхио Консеисао од Порто, Иманол од Реал Сосиедад, Мичел од Џирона, како и Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…