Дома Фудбал Останато Нејмар продолжува да прави хаос во ПСЖ: Одбил да тренира!

Нејмар продолжува да прави хаос во ПСЖ: Одбил да тренира!

Бразилецот Нејмар продолжува да си „тера“ по свое во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар повторно одлучи да направи глупост за веројатно да биде слободен за карневалот во Рио Де Женеиро. „Л’Eкип“ откри дека Нејмар неколку пати одбил да тренира без никаква причина.

Последен пат тоа се случило неодамна кога беше изоставен за куп натпреварот против Дижон. Нејмар сакаше да игра во тој натпревар за да влезе во форма за натпреварот во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд кој следеше потоа.

И самиот Нејмар после натпреварот со Борусија изјави:

„Се надевав дека ќе играм за да влезам во форма пред натпреварот против Борусија. За жал во клубот мислеа поинаку и тоа не беше моја одлука, туку на лекарскиот тим“, изјави Нејмар и јавно го впери прстот кон Томас Тухел и докторскиот тим.

Се ова води кон тоа дека на лето Нејмар ќе направи се за клубот да го продаде, негова желба и понатаму е враќање во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…