Дома Фудбал Нејмар постигна гол, па повторно ги налути навивачите на ПСЖ (ФОТО)

Нејмар постигна гол, па повторно ги налути навивачите на ПСЖ (ФОТО)

ПСЖ вчера пред своите навивачи го победи Нант со 2:0.

Парижаните до новите три бода дојдоа со головите во второто полувреме. Домаќините поведоа во 52. минута со мајсторскиот гол со пета на Мбапе. Натпреварот беше решен во 85. минута кога Нејмар од пенал ги постави конечните 2:0.

Во таа ситуација Нејмар со прославата на голот повторно ги налути навивачите на ПСЖ.

При прославата Нејмар на навивачите кои му свиреа во текот на натпреварот им гестикулираше да молчат што на фановите секако не им се допадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Торонто без плејоф, Филаделфија со јасна цел: победа за директен пласман

Торонто ги загуби шансите за плејофот, но неговото гостување има големо значење за Филадел…